Германија ја победи Шкотска со 5:1 на првиот натпревар на ЕП 2024 на „Алијанц Арената“ во Минхен.
Фудбалерите на Џулијан Нагелсман одиграа неверојатно прво полувреме во кое целосно го надиграа противникот и остварија три гола предност.
Флоријан Вирц го отвори резултатот во десеттата минута, а веднаш потоа Џамал Мусиала погоди атрактивно за својата екипа. На крајот на првото полувреме Каи Хаверц постигна гол од белата точка, а непосредно пред тоа Портеус беше исклучен со директен црвен картон поради прекршокот над „панцирите“, Илкај Гундоган.
Темпото по паузата очекувано не беше толку високо, но влезениот од клупата, Никлас Фулкруг постигна спектакуларен гол во 68. минута. Во 87. минута Антонио Рудигер си постигна автогол, но во 93. минута Емре Чан со удар од далечина ги постави конечните 5:1.
Така, Германија жестоко го започна домашниот шампионат и несомнено веќе е меѓу големите фаворити за освојување на титулата. Утре се игра натпреварот меѓу другите две селекции во групата – Унгарија и Швајцарија. (МИА)