Фудбал

Герет Саутгејт има нова работа по заминување од селекторското место

Герет Саутгејт има нова работа по заминување од селекторското место

Герет Саутгејт, си најде нов ангажман по заминувањето од клупата на фудбалската репрезентација на Англија.

Како што објави новинарот Анри Винтер, Саутгејт следната сезона ќе работи како технички набљудувач на Лигата на шампионите пред УЕФА.

Неговата работа ќе биде да ги анализира натпреварите од тренерска гледна точка и да состави детален извештај со статистичка и видео анализа.

Ова ќе им помогне на официјалните лица на европската куќа на фудбалот, тренерите и едукаторите на идните стратези во подобро разбирање и поглед на играта. Саутгејт очигледно реши да паузира од тренерската работа.

To top