Фудбал

Гават: Ние од ФИФА сме горди на заедничките проекти со ФФМ

Гават: Ние од ФИФА сме горди на заедничките проекти со ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија своето Редовно генерално Собрание. На Собранието пред присутните 58 делегати, регионалениот координатор на ФИФА за европските членки на Светската асоцијација, Марион Гават се обрати пред присутните.

„Во 1994 година, Фудбалската федерација на Македонија се приклучи на ФИФА како членка. Оваа година славиме триесет години од соработката меѓу нашите две институции. 30 години пријателство, 30 години одлична соработка, соработка за која сум сигурна дека ќе продолжи да расте и во иднина. Користејќи ја оваа прилика, би сакал да подвлечам дека одличните односи на сите нивоа навистина се рефлектираат меѓу нашите раководства за развој на фудбалот во вашата прекрасна земја.

Уверени сме дека заедничката работа ќе има позитивно влијание за да го подигнеме фудбалот на повисоко ниво. Што се однесува до развојот на фудбалот, ФИФА е многу горда на бројните заеднички проекти што ги реализира со ФФМ во рамките на програмата ФИФА Форвард. Посебно сме задоволни што гледаме дека финансирањето на ФИФА е ефикасно насочено кон клучната компонента на фудбалскиот развој – инфраструктурата. Надградбата на капацитетите на тренинг центарот„Петер Милошевски“, вклучувајќи ги новите рефлектори и обновувањето на теренот, како и сместувањето за младинските академии на ФФМ, се јасен доказ за долгорочна визија и посветеност за негување таленти. Минатата година, ФИФА го започна третиот циклус на ФИФА Форвард, со што се зголемуваат средствата достапни за секоја асоцијација-членка од шест на осум милиони долари по циклус. Затоа, со нетрпение очекуваме да работиме рака под рака со ФФМ за да продолжиме да ги ставаме овие средства достапни за важни проекти за развој на фудбалот низ Македонија.

 

To top