Фудбал

Фудбалот се менува, наскоро се воведува син картон?

Фудбалот се менува, наскоро се воведува син картон?

Како што пренесува „Телеграф“, покрај жолтиот и црвениот картон како начин на санкционирање наскоро фудбалерите ќе добиваат и син картон. Синиот картон би значел дека фудбалерот кој го добил ќе мора да оди надвор од игра на десет минути.

Картонот би можел да се добие за груб старт или расправија со судиите на теренот. Се уште не постои јасно ограничување кога арбитрите ќе треба да изберет некој од трите наведени картони, меѓутоа праксата веројатно е единственото мерило кое тоа може да го покаже.

Исто така, два сини картони, исто како и два жолти ќе бидат еднакви на црвен картон. Англискиот ФА Куп за мажи и жени во наредната година ќе биде натпреварувањето кое би можело да покаже дали ваквото правило е ефикасно или не.

To top