Фудбал

Фудбалерките ги добија ривалите од квалификациите за СП

Фудбалерките ги добија ривалите од квалификациите за СП

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги извлече групите за претстојната Лига на нации за фудбалерки, која служи како квалификациски сегмент за следното СП.

Македонија ќе се натпреварува во Лига Ц, каде што има шест натпреварувачки групи. Противнички на нашите фудбалерки ќе им бидат Унгарија, Азербејџан и Андора во групата Ц.

Од лигашкиот дел во квалификациите првопласираните селекции и две најдобро рангирани второпласирани ќе одат во мундијалскиот бараж. Таму репрезентациите од Ц-сегментот вкрстуваат со ривали од Лига А, односно второ и третопласираните земји во тие групи.

Лигата на нациите ќе се одигра во три прозорци, во март, април и јуни 2026 година. Бараж натперварите се закажани за октомври и ноември, а финалниот турнир во 2027 година ќе се одржи во Бразил.

 

To top