Фудбал уште еден пораз за баерн минхен

Фудбалерите на Баерн се креваат против Тухел

Тензиите во Баерн се огромни, а поразот од Бохум во Бундеслигата со 2:3 уште повеќе ја вжешти ситуацијата. Некои од играчите се против тренерот Томас Тухел, но ќе мора да го трпат уште некое време, тврди „Атлетик“.

Фудбалерите на Баерн се креваат против Тухел

Причината е што, во моментов, клупските газди немаат сигурна опција за негова замена, бидејќи моментално нема многу достапни кандидати за позицијата на пазарот. Затоа, најверојатно ќе чекаат до крајот на сезоната, а број 1 на нивната листа е Чаби Алонсо. Поранешниот играч за врска на Баварците прави чуда во Баер Леверкузен, кој има осум бода повеќе од Баерн Минхен на врвот во Бундеслигата. Со тимот се поврзува и името на Жозе Мурињо.

„Билд“ пишува дека против Тухел се побуниле Џошуа Кимих, Томас Милер, Матијас де Лихт, Серж Гнабри, Леон Горецка и Матис Тел. Однесувањето на искусниот Кимих е показател за односот меѓу тренерот и играчите. Германскиот репрезентативец беше сменет по еден час игра против Бохум, а кога излез од теренот, влезе во жестока дискусија со еден од помошните тренери, а според некои извори, двајцата за малку ќе се пресметале.

Сето ова доаѓа по огромното незадоволство кај симпатизерите предизвикано од трите последователни порази – од Баер и Бохум во Бундеслигата, како и од Лацио во Лигата на шампионите.

To top