Фудбалерот на Реал Мадрид Винисиус од Флорентино Перес побарал да го ангажира фудбалерот на Ливерпул, Доминик Собослаи, но се понудил и да посредува во реализација на трансферот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Бразилецот веќе стапил во контакт со унгарскиот репрезентативец и му ја пренел заинтересираноста на Реал Мадрид, но и неговата желба да играат во иста екипа.
Винисиус бил клучна алка во трансферите и на Килијан Мбапе и Џуд Белингам и лично ги убедувал и двајцата да дојдат во Реал Мадрид.