Арсенал и Њукасл на Божиќ во Лондон го одиграа полуфиналниот натпревар од англискиот Лига Куп, а Њукасл победија со 2-0.
Деновите по мечот најмногу се зборуваше момчето Семи кое се прослави на овој натпревар бидејќи камерата го фати како прославува еден од головите на Њукасл.
Како што открија медиумите од Островот, момчето во вторникот побегнало од училиште за да оди на гостувањето кај Њукасл, а станало познато кога неговата фотографија почнала да се шири на социјалните мрежи.
-Ова момче синоќа беше фатено на телевизија во живо како ја прославува победата на Њукасл над Арсенал. Тој ден отсуствуваше од училиште, поради што неговите родители добија мејл, објаснуваат Британците.
Во е-поштата, од непознато училиште, пишува: „Почитувани родители, само да ве известам дека отсуството на Семи во вторник, 7 јануари 2025 година сега ќе биде означено како неоправдано. Ова се должи на медиумската снимка на која е прикажан во Лондон на фудбалски натпревар, се вели во известувањето од училиштето.
Memories to last a lifetime. Be like Sammy. #NUFC pic.twitter.com/eA4s5kTUWP
— Newcastle United Supporters’ Club (@Nusc2023) January 8, 2025
“Тоа беше само излет. Мислам дека родителите нема да бидат вознемирени од ова. Тоа ќе остане едно од најнезаборавните спомени од детството на Семи”, е еден од коментарите на фановите за овој случај.