Финалето на англискиот ФА Куп ќе се одигра на 25 мај на стадионот „Вембли“ во Лондон во традиционалниот попладневен термин, одлучи денеска Фудбалската федерација на Англија (ФА).
Финалето е закажано за во 16 часот по средноевропско време, а ФА наведе дека терминот е утврден во координација со клубовите, полицијата и телевизиските куќи.
„Првиот судиски свиреж на натпреварот е закажан за 15 часот по локално време. Одлуката е донесена заедно со клубовите, локалните власти, полицијата и телевизиите кои ќе го пренесуваат натпреварот во живо“, соопшти ФА.
Во финалето ќе играат Манчестер јунајтед и бранителот на трофејот Манчестер сити.