Во вторник во Приштина се игра исторскиот меч, финалето од плејофот за пласман на СП 2026.
Играат селекциите на Косово и Турција и кој ќе победи ќе избори учество на претстојниот Мундијал кој се игра од 11 јуни до 19 јули ова лето во САД, Канада Мексико.
Во Приштина и цело Косово, како и во околните земји владее невидена еуфорија кај Албанците.
УЕФА го одреди Филип Поповски за делегат на оваа средба.
Значи тој ќе биде “главниот“ на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина во вторник навечер.
Од друга страна главен судија ќе биде познатиот Мајкл Оливер, еден од најдобрите делители на правдата во Премиерлигата како и во Европа.