Нова категорија билети за Светското првенство 2026, наменета за најлојалните навивачи, воведе денеска Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА).
ФИФА одлучи да конвертира дел од билетите – приближно 10 проценти од вкупниот капацитет – од во моментов најприфатливата категорија („ниво на вредност“) во нова категорија наречена „ниво на влез“.
Билетите во оваа категорија ќе имаат иста цена за сите натпревари на сите национални селекции на Светското првенство, а ќе чинат 60 долари.
ФИФА ја воведе оваа категорија со упатство националните асоцијации да ги доделат на најлојалните навивачи, а овие билети нема да бидат достапни за купување преку платформата на ФИФА.
Седиштата за навивачите со овој тип на билети ќе бидат лоцирани во горниот дел од навивачката трибина.