Фудбал

ФИФА покрена истрага против аргентинската фудбалска репрезентација

ФИФА покрена истрага против аргентинската фудбалска репрезентација

Светската фудбалска куќа ФИФА покрена истрага за видеото кое се појави на социјалните мрежи во кое неколку аргентински фудбалски репрезентативци пеат навредливи песни против француските играчи по освојувањето на Копа Америка, a која Француската фудбалска федерација ја опиша како „расистичка и дискриминаторска“.

„ФИФА е запознаена со видеото кое кружи на социјалните мрежи и инцидентот се истражува. ФИФА најостро осудува каква било форма на дискриминација против кој било, играчи, навивачи или судии“, објави меѓународната фудбалска организација.

 

To top