Фудбал

ФИФА и Реал Мадрид туркаат Светско клупско на секои 2 години!

ФИФА и Реал Мадрид туркаат Светско клупско на секои 2 години!

Светската куќа на фудбалот сериозно ја разгледува можноста Светското клупско првенство да се одржува на секои две години, почнувајќи од 2029 година.

Оваа идеја, која би го претворила турнирот во директен ривал на Лигата на шампионите, доаѓа под силен притисок од најголемите европски клубови и се заканува да предизвика нова војна со УЕФА и националните лиги.

Наводно, “кралскиот клуб” го покренал ова прашање за време на разговорите со ФИФА, а предлогот веднаш добил поддршка од другите гиганти кои не успеаја да се квалификуваат за овогодинешното издание, како што се БарселонаМанчестер ЈунајтедЛиверпул и Наполи.

Мотивот, како и секогаш во модерниот фудбал, е јасен: парите.

Челси како победник на првото издание заработи неверојатни 85 милиони фунти, а останатите клубови не сакаат да ја пропуштат можноста да бидат дел од огромниот прилив на средства.

To top