Фудбал многу полемики, но.....

ФИФА ги прогласи најдобрите – Меси пред Халанд и Мбaпе

ФИФА ги прогласи најдобрите – Меси пред Халанд и Мбaпе

Најдобар фудбалер за 2023 година во изборот на ФИФА е Лионел Меси кој заврши пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Најдобра фудбалерка за 2023 година е Ајтана Бонмати. Конкурентки и беа Линда Каиседо и Џенифер Хермосо.

Посебна чест и беше доделена на легендарната бразилска фудбалерка Марта, која доби специјална награда од ФИФА. Дополнително, од следната година наградата за најдобар гол во женскиот фудбал ќе го носи името на Марта.

Наградите за најдобар голман ги добија Мери Ерпс, втора година по ред, и Едерсон.

Идеалниот машки тим е:

Голман: Тибо Куртоа

Одбрана: Кајл Вокер, Џон Стоунс, Рубен Дијаз

Среден ред: Бернардо Силва, Џуд Белингем, Кевин де Брујне

Напад: Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе, Лионел Меси и Винисиус.

Најдобар тренер на машката екипа е сосема очекувано менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола. Гвардиола минатата сезона со Сити ги освои Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

Најдобар тренер на женската селекција и оваа година е селекторот на репрезентацијата на Англија, Сарина Вигман.

Наградата за фер плеј на ФИФА ја доби бразилската фудбалска репрезентација за потег на солидарност со Винисиус, кој во текот на целата година трпеше ужасни расистички напади од трибините и на социјалните мрежи. Бразилците одиграа пријателски натпревар со Гвинеја во целосно црни дресови.

Наградата Пушкаш за најдобар гол отиде во рацете на Гилхерме Мадруга. Мадруга беше награден за погодокот за Ботофаго против Новоризонтино во втората лига на Бразил.

To top