Фудбал

ФИФА брутално ја казни Канада, на актуелниот олимписки првак му се одземаат 6 бода

ФИФА брутално ја казни Канада, на актуелниот олимписки првак му се одземаат 6 бода

Женската фудбалска репрезентација на Канада која е бранител на титулата на Олимписките Игри на женскиот фудбалски турнир, казнета е од ФИФА со одземање на шест бодови на олимпискиот турнир во Париз.

Да подсетиме Канаѓанките пред мечот со Нов Зеланд, пуштија дрон над теренот и го снимаа тренингот на нивниот прв противник. Канада победи со 2-1, но сега наместо три, има минус три бодови.

Суспензија од една година доби селекторката Бев Пристмен, а фудбалската федерација на Канада ќе треба да плати и парична казна од 200.000 швакцарски франци.

To top