Фудбал

ФФМ со насоки за сопствениците на билети за мечот во Гент

ФФМ со насоки за сопствениците на билети за мечот во Гент

Фудбалската федерација на Македонија објави нови информации кои ги засегаат оние кои купиле билети за натпреварот меѓу Белгија и Македонија.

Средбата од квалификациите за Мундијалот во Гент ќе се одигра на 10 октомври (петок) во Гент, а околу 1.000 гледачи купија билети во секторот наменет за гостински навивачи.

Поради тоа од ФФМ решија да испратат насоки до оние кои ќе бидат присутни на натпреварот.

Во објаснувањето се вели дека до сите кои купиле ваучери за билет се испратени пораки преку електронска пошта (е-маил) од Белгиската фудбалска федерација. Потребно е активирање на билетите, како и внесување на имињата на сите кои ќе бидат присутни (за групно купените билети).

Освен натпреварот со Белгија во Гент пред Македонија е и домашен дуел со Казахстан кој ќе се одигра во Скопје.

To top