Фудбал развој на женскиот фудбал

ФФМ ќе ја брендира Прва женска лига

ФФМ очекува со ефективно брендирање на лигата да инспирира повеќе девојки да учествуваат во фудбалот.

ФФМ ќе ја брендира Прва женска лига

Фудбалската федерација на Македонија продолжува со вложувањето во развојот на фудбалска женска лига и во таа насока денес ја претставија идејата за брендирање и препознатливост на Прва женска фудбалска лига.

– Низ истражувањата кои ги спроведовме подготвувајќи ја стратегијата беше утврдено дека женскиот фудбал во Македонија има потреба од поголема препознаеност и видливост и тоа во сите свои сегменти, од лиги до национални тимови. Овој проект за брендирање на Првата женска фудбалска лига се однесува токму на зголемувањето на видливоста и препознатливоста на натпреварувањето кое од година в година се повеќе се развива. Искрено се надеваме дека овој прв чекор ќе придонесе кон поголема популаризација и развој на женските натпреварувања во иднина, изјави потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев.

ФФМ очекува со ефективно брендирање на лигата да инспирира повеќе девојки да учествуваат во фудбалот.

Визијата на ФФМ е да го воспостави фудбалот во како спорт број еден за жени и девојчиња во Македонија.

-Сакаме да обезбедиме можности и иновации, со што секое девојче, девојка и жена ќе можат да уживаат, да се развиваат и да остваруваат резултати.

Имплементација на проектот во првата фаза се состои од изработка на визуелни решенија (брендинг) за стадионите од Прва женска фудбалска лига и продукција на директни преноси (стриминг) на дерби натпревари од Прва ЖФЛ.

To top