Распределбата на столчињата ќе се врши согласно препораките на Општинските фудбалски сојузи и УO на ФФМ.
Ќе ги опфати клубовите од Првата, Втората и Третата Македонска фудбалска лига каде што се исполнети условите за нивна монтажа.
Клубовите, во соработка со локалната самоуправа, ќе бидат одговорни за обезбедување на монтажа на столчињата, со цел стадионите да бидат поудобни и подобро опремени за навивачите.