Португалскиот репрезентативец во редовите на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, оцени денеска дека неговиот тим сè уште не е подготвен да ја освои Премиер лигата.
Јунајтед загуби два од воведните трите натпревари на почетокот на сезоната и со само три бодови се наоѓа на 14 место пред следниот натпревар против Саутемптон на гостински терен.
„Свесен сум дека Манчестер Јунајтед не е подготвен да го освои првото место. Да, ќе продолжиме да се бориме и ќе се обидеме да бидеме меѓу четирите најдобри екипи. Тоа се местата кои даваат можност за пласман во Лигата на шампионите“, изјави капитенот на Јунајтед за португалскиот весник А Бола.
Во неделата, 20-кратниот шампион на Англија загуби со 3-0 пред својата публика против Ливерпул.