Фудбал

Федерико Киеза ќе биде нов фудбалер на Ливерпул

Федерико Киеза ќе биде нов фудбалер на Ливерпул

Договорот помеѓу фудбалерот и екипата на Ливерпул е потпишан на четири години, а клубот од Англија на Јувентус ќе му плати 13 милиони евра.

Киеза е во втор план од доаѓањето на Тиаго Мота на клупата на Јувентус, кој јасно му стави до знаење дека не смета на него, а тоа го искористи менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, кој одлично ја започна сезоната со „црвените“.

Киеза кој може да игра на позициите крило и напаѓач се очекува да биде големо засилување на „Енфилд“, а Ливерпул во новата сезона има амбиции да се бори за самиот врв во Премиер лигата.

Пред да се пресели во Јувентус, од 2016 до 2022 година ги бранеше боите на Фиорентина.За најдобрата репрезентација на Италија досега запиша 51 настап и седум голови.

Киезе денеска од Торино со приватен чартер лет замина за Англија. Пред медиумите на заминување за Островот информираше дека уште вечерва очекува промоција во Ливерпул.

„Среќен сум и задоволен за новата авантура која е пред мене. Во оваа прилика, сакам да испратам поздрав до тифозите на Јувентус. Ви благодарам за поддршката во сите изминати години, благодарност до Јувентус“ – рече Киеза пред заминувањето за Англија.

To top