Фудбалската асоцијација на Англија беше принудена да го промени главниот судија кој ттребаше да ја дели правдата на саботниот меч во Комјунити Шилд меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, на Вембли.
Причината за тоа е што Џон Брукс, кој првично беше одреден за главен судија, полесно се повредил. Поради тоа неговото место ќе го заземе Џаред Џилет, кој требаше да биде четврти судија.
Саботната пресметка ќе биде прва средба меѓу градските ривали по финалето на ФА купот што го доби Манчестер јунајтед со 2:1.