Фудбал псж

Енрике: Мбапе е најдобриот напаѓач во светот

Многумина сметаат дека односот помеѓу Луис Енрике и Килијан Мбапе е нарушен, особено по информацијата дека Французинот на крајот на сезоната решил да го напушти клубот и да се пресели во Реал Мадрид.

Напаѓачот на ПСЖ се најде во стартниот тим на гостувањето во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад, и постигна два гола. Тренерот Луис Енрике по мечот кажа дека нема никакви проблеми со Мбапе, и дека според него е најдобриот напаѓач во светот.

„Дали Мбапе покажа дека е најдобар? Мислите ли дека Мбапе треба да го докажува тоа? Тој дава по 50 гола и 25 асистенции по сезона со било кој тренер. За мене тој е најдобриот напаѓач на светот, едноставно е незапирлив“, рече Енрике.

ПСЖ со вкупни 4-1 го совлада тимот на Реал Сосиедад, и се пласираше во 1/4 финалето во Лигата на шампионите.

To top