Фудбал дијамантот

Елмас: Реал Мадрид секогаш е фаворит, но тие не победуват секогаш

Денеска продолжуваат натпреварите во Лигата на Шампионите со првите мечеви во нок-аут фазата, РБ Лајпциг co Елиф Елмас го пречекува Реал Мадрид.

Елмас: Реал Мадрид секогаш е фаворит, но тие не победуват секогаш

Денеска продолжуваат натпреварите во Лигата на Шампионите со првите мечеви во нок-аут фазата, РБ Лајпциг co Елиф Елмас го пречекува Реал Мадрид.

Минавме низ тежок период, но сега сме сѐ подобри и подобри. Почнавме да победуваме и ни се врати самодовербата во пресрет на дуелот со еден од најдобрите тимови во светот. Но знаеме дека ќе биде тешко.

Eлмас оваа сезона веќе се сретна со кралскиот клуб, со Наполи одигра два меча против избраниците на Карло Анчелоти во групната фаза од ЛШ.

Учиш многу работи кога играш против Реал Мадрид. Сите нивни играчи се интелигентни, експерти во својата работа. Како може да не научиш нешто од Модриќ или Крос? Секој фудбалер кој игра за Реал Мадрид има огромна самодоверба. Тие се на едно поинакво ниво. Кога играте против нив, секогаш мора да понудите нешто повеќе, и тоа не е лесно. Ќе биде навистина тешко против нив. Но со интензитетот кој ќе го вложиме, и на нив нема да им биде лесно. Реал Мадрид секогаш е фаворит. Но фаворитот не секогаш победува. Затоа веруваме дека можеме да го изненадиме. Ние сме тим кој секогаш оди на победа. Мора да ги следиме наредбите на тренерот, да даваме сто проценти, кажа Елмас.

To top