И Елиф Елмас, како и останатите македонски фудбалери и фанови жали за испуштената можност со две победи да ги започнеме квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
„Искрено, премногу ни е жал. Бевме тактички одлични, на високо ниво и мислам дека само може да жалиме за изгубените бодови. Но, таков е фудбалот, некогаш во 90 ќе дадеш гол, некогаш во 90 ќе примиш.
Но, со ладни глави одиме понатаму, ни следат важни мечеви во јуни за кои мора да сме добро подготвени. Против нас имавме квалитетен ривал со имиња од Премиер лигата, а со нив бевме на високо ниво. Ова е добар знак за нас затоа што гледаме дека можеме со сите, напредуваме, целта ни е да одиме се погоре и погоре. Имаме во глава секогаш да размислуваме за победа, така ќе биде и во јуни со Белгија и Казахстан“, рече Елмас.