Фудбал Проблеми за Тен Хаг

Двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед се повредија во квалификациите

Двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед се повредија во квалификациите

Маркус Рашфорд беше заменет во 61. минута на дуелот меѓу Англија и Малта и тоа по неговиот судир со Трент Александер-Арнолд, а допрва лекарскиот тим на англиската репрезентација ќе треба да потврди каков проблем имал напаѓачот на Јунајтед.

Проблем има и првиот голман Андре Онана, скапото засилување на Јунајтед од Интер, кој вчера почувствувал болка на дуелот меѓу Камерун и Маурициус.

Камерунците остварија убедлива победа, но Онана почувствувал болка на адукторот и бил заменет во 81. минута од натпреварот.

Англиските медиуми најавуваат пауза на неколку натпревари на камерунскиот голман, секако ако биде потврден проблемот со овој вид повреда.

To top