Мохамед Салах е во Ливерпул од 2017 година и во тој период ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите и голем број други трофеи, забележа 352 настапи на кои постигна 214 голови.
Неговиот договор истекува на крајот на јуни 2025 година, а неодамнешните коментари на Египќанецот предизвикаа бран шпекулации за неговата иднина, а голем е бројот на тие кои очекуваат напаѓачот да се пресели во Саудиска Арабија.
Но, се чини дека Салах на крајот би можел да остане во Европа бидејќи ПСЖ и Јувентус сакаат да го видат во своите редови, а се чини дека искусниот стрелец веќе се одлучил.
Според некои извештаи, Салах е поблиску до потпис за ПСЖ бидејќи сака да се тестира во новата лига, откако претходно играше во Серија А за Фиорентина и Рома.