Но, освен тимскиот триумф со кој Каталонците сигурно зачекорија во четвртфиналето, вечерта ќе остане врежана во историјата благодарение на неверојатниот Роберт Левандовски.
Полскиот голгетер, кој двапати се запиша во листата на стрелците (во 56. и 61. минута), потврди дека за него годините се само бројка, уривајќи рекорди кои ги држеа легендите како Лионел Меси и Филипо Инзаги.
Со погодоците против англискиот тим, Њукасл официјално стана 41-от различен клуб против кој Левандовски постигнал гол во елитното европско натпреварување. Со овој неверојатен потфат,
Полјакот го надмина досегашниот рекорд од 40 на клупската икона на Барселона, Лионел Меси, и застана осамен на врвот на оваа престижна листа.
Вториот рекорд што го постави Левандовски ја докажува неговата несекојдневна физичка подготвеност и фудбалска долговечност.
На возраст од 37 години и 209 дена, тој стана најстариот фудбалер во историјата кој успеал да постигне два гола на еден натпревар во нокаут-фазата на Лигата на шампионите.
Претходниот рекорд му припаѓаше на прославениот италијански „лисец“ Филипо Инзаги, кој во 2010 година, во дресот на Милан против Реал Мадрид, го направи истото, но беше точно 123 дена помлад од сегашната возраст на Левандовски.