Фудбалската селекција на Грузија е најголемото досегашно изненадување на Европското првенство во Германија. Селекцијата преку која пред три години Македонија обезбеди историски пласман на континенталните собори, одигра неверојатна групна фаза и со победата над Португалија успеа да се пласира во осминафиналето.
Одново херој на Грузијците беше првиот ас на селекцијата, Квича Кварацкелија, кој постигна прекрасен гол во 92 секунда, а по мечот ѕвездата на Наполи покажа голема почит кон Кристијано Роналдо. По последниот судиски свиреж сите фудбалери на Грузија се упатија кон трибината каде беа грузиските навивачи, освен еден.
Квича дотрча до клупата на Португалија се прегрна со Кристијано Роналдо и на крај го доби неговиот дрес, кој го носеше за време на прославата во соблекувалната. Потоа Квича на социјалните мрежи стави фотографија од дресот на Роналдо со пехарот што го доби за најдобар фудбалер на мечот и напиша: Соништа!.