Фудбал

Диего Кошта ја спаси Португалија и ја одведе во четвртфиналето на ЕП

Диего Кошта ја спаси Португалија и ја одведе во четвртфиналето на ЕП

Репрезентацијата на Португалија по изведувањето на пенали ја елиминираше храбрата Словенија која вечерва беше достоен противник на Португалците.

Вистински херој на Португалија беше голманот Диого Кошта кој ги одбрани трите удари од белата точка на словенечките репрезентативци.

Словенија играше повлечено, меѓутоа беше одлично организирана, Матијаж Кек одлично ја постави играта, а неговите фудбалери идеите ги спроведуваа на теренот скоро бескпрекорно.

Шешко имаше и две добри прилики да ги казни промашувањата, една во второто полувреме и една во второто продолжение.Од друга страна Роналдо својата најголема можност ја пропушти во финишот од првото продолжение кога не реализираше најстрога казна.

To top