Фудбал

Даниел Аврамовски продолжува да стрела: Со нов гол му донесе победа на својот тим (ВИДЕО)

Даниел Аврамовски продолжува да стрела: Со нов гол му донесе победа на својот тим (ВИДЕО)

Даниел Аврамовски го постигна својот втор гол оваа сезона за екипата на Болуспор во победата против Шанлиуфаспор.

28-годишниот македонски интернационалец ја затресе мрежата во 50-тата минута на асистенција на Чичек. Аврамовски е еден од најдобрите поединци во екипата на Болуспор, откако пристигна во Турција од екипата на Сараево оваа зима.

Болуспор во моментов се наоѓа на 9-тата позиција на табелата со вкупно освоени 29 бода.

Поврзани теми

To top