Фудбал аргентинецот на излезна врата од рома

Челзи заинтересиран за Дибала

Аргентинскиот Пауло Дибала е на излезна врата од Рома и кариерата би можел да ја продолжи во редовите на Челзи, јавија денеска британските медиуми.

Челзи заинтересиран за Дибала

Дибала има уште 18 месеци од договорот со Ррома, но и отштетна клаузула од само 13 милиони евра која не би требало да претставува проблем за лондонскиот премиерлигаш.

Раководството на Челзи е уверено дека Аргентинецот може да му помогне на Челзи да ја спаси сезоната во Премиер лигата во која во моментов се наоѓа на 10 место на табелата со 28 бодови, 12 помалку од четвртата позиција, последна која носи место во Лигата на шампиони. Предност е и тоа што Челзи од клупата е предводен од сонародникот на Дибала, Маурисо Покетино, наведуваат медиумите.

Дибала дојде во Рома во 2022 година и за римскиот прволигаш досега одигра 56 натпревари, на кои запиша 24 голови и 14 асистенции.

To top