Фудбал

Челси може да заработи казна од УЕФА

Челси може да заработи казна од УЕФА

Европската фудбалска федерација (УЕФА) утврди прекршување на правилата на финансискиот фер плеј од страна на Челси и англискиот клуб се соочува со можна казна и исфрлување од европските купови.

Познато е дека Челси беше во голема негатива поради големите инвестиции во трансфери последните години, па изминатиов период се обидуваше да го подобри статусот со излезни трансфери, како и продажба на женскиот клуб.

Токму последната ставка тешка 200 милиони фунти не била призната од УЕФА како соодветна во прикажувањето на приходите, а причина е фактот што купувачот е сестринска компанија на клубот.

Овој договор за продажба помина кај одговорните во Премиер лигата кои го признаа како соодветен приход и Челси избегна казна на домашен терен, но УЕФА отворила случај затоа што англискиот клуб има поголеми трошоци од предвиденото.

To top