Фудбал

Челси договори нов напаѓач за 35 милиони фунти

Челси договори нов напаѓач за 35 милиони фунти

Англискиот гига Челси добива ново засилување пред почетокот на новата сезона, а станува збор за 20-годишниот Саму Омородион кој доаѓа од Атлетико Мадрид.

Шпанскиот репрезентативец има 20 години, а со премиерлигашот договори соработка на седум години.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „сините“ ќе платат 35 милиони фунти за услугите на Омородион.

За услугите на Омородион бил заинтересиран и германскиот шампион Баер Леверкузен, но Шпанецот решил да потпише за Челси.

To top