Европското фудбалско првенство започнува за два дена, а главното прашање е кој ќе го освои шампионскиот трофеј на Стариот континент.
Титулата ја бранат Италијанците кои во финалето во 2021 година ја совладаа Англија, а годинава за подиумот конкурираат неколку репрезентации.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ги даде своите прогнози за тоа кој има најголеми шанси да се искачи на врвот на Европа.
Словенецот го откри своето мислење за OneFootball.
-Германија, Франција, Англија и Португалија според мене се фаворити. Секогаш велам дека никогаш не треба да ја потценувате ниту Шпанија. Потоа тука се Хрватска, Белгија, Хрватска, а можеби и Данска, рече Чеферин.
ЕП започнува во петок, а првиот меч го игра домаќинот Германија против Шкотска од 21 часот.