Церемонијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Монако започна со претседателската награда. Александар Чеферин му додели посебно признание за, како што рече, најдобриот голман на сите времиња – Џанлуиџи Буфон
Со 176 репрезентативни настапи за „азурите“ Буфон е голман-рекордер на сите времиња, играч со најмногу настапи во историјата на италијанската репрезентација и четврти европски играч со најмногу настапи на сите времиња.
Првиот човек на УЕФА, Словенецот, Александер Чеферин, му оддаде почит на Буфон за „огромните способности, долговечност, решителност и доследност кои беа инспирација за фудбалските навивачи ширум светот“.
„Освен неговото присуство меѓу стативите, неговата долговечност и одлучност го прават инспирација за фудбалските навивачи ширум светот“, рече за него Чеферин.