Фудбал

Чаби Алонсо ќе биде дел од Премиер лигата

Чаби Алонсо ќе биде дел од Премиер лигата

Угледниот шпански „АС“ се занимаваше со клубовите што Алонсо би можел да ги преземе во догледна иднина и издвои три – Ливерпул, Баерн и Манчестер Сити.

Ливерпул и Баерн многу го сакаа и додека беше во Леверкузен, остави голем белег како играч во тие тимови, но реши да го почека Реал и очигледно погреши.

Арне Слот е под голем притисок во Ливерпул, „црвените“ играат лоша сезона, откако доминантно ја освоија Премиер лигата минатата година, а ако се погледне ситуацијата во моментов, Енфилд е некако најреалната опција за Алонсо, можеби од летото?

Баерн е познат по тоа што го зема најдоброто од Германија, Алонсо се обиде да украде од Леверкузен кога беше на врвот на својата моќ, но не успеа и се одлучи за Винсент Компани, кој моментално се снаоѓа феноменално во Минхен. Баерн, заедно со Арсенал, играат најдобар фудбал во Европа, па доаѓањето на Баскиецот во Баварија во блиска иднина не е реално.

Сепак, Чаби и Баерн сигурно ќе соработуваат некогаш во иднина.

Ако Пеп каже на крајот од сезоната дека е доволно, тогаш Алонсо сигурно би бил првиот фаворит да го наследи и да започне нова ера на Етихад.

 

To top