Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш изјави пред својот 300-ти настап за клубот дека одбил неверојатна понуда оваа лето.
„Секогаш сум велел дека Јунајтед е мојот дом. Кога дојдов во 2020 година, почувствував дека припаѓам овде. Да, имаше интерес и разговори, но мојот фокус секогаш бил на тимот, на навивачите и на дресот што го носам,“ изјави Фернандеш за клупската телевизија.
Според англиските медиуми, Ал-Хилал бил подготвен да плати 100 милиони фунти за да го донесе 30-годишниот плејмејкер во саудиската Премиер лига. И покрај тоа, Бруно останал посветен на „црвените ѓаволи“, што дополнително ја потврдува неговата лидерска улога во тимот на Рубен Аморим.
Од неговото доаѓање од Спортинг Лисабон, Фернандеш има 94 голови и 82 асистенции на 299 натпревари – бројки кои го ставаат меѓу највлијателните играчи во модерната ера на клубот.
Манчестер Јунајтед моментално се обидува да се стабилизира по тешкиот старт на сезоната, а Фернандеш вели дека тимот е решен да се врати на победничките патеки:
„Имаме талент,
„Имаме карактер, само треба да продолжиме да веруваме. Кога си дел од Манчестер Јунајтед, секој меч е важен и секоја победа значи повеќе.“
Фернандеш ќе стане само 17-тиот фудбалер во историјата на Јунајтед со најмалку 300 настапи, што е само уште еден доказ за неговото влијание и постојаност на највисоко ниво.