„Фудбалската федерација на Бразил може да потврди дека Доривал Жуниор повеќе нема да ја предводи репрезентацијата. Му благодариме за неговата посветеност и му посакуваме успех во иднината“, гласи известувањето од федерацијата.
Сè уште не е одредено кој ќе го преземе раководството на „Кариоките“. Најголемата амбиција на федерацијата е да го ангажира Карло Анчелоти, но таа задача може да биде исклучително тешка.