Фудбал

„Билд“: Клоп се враќа!

„Билд“: Клоп се враќа!

Фудбалскиот директор на компанијата Ред Бул, Јирген Клоп, би можел да се врати на тренерската клупа и да стане селектор на германската репрезентација, објави најпознатиот спортски весник во Германија, „Билд“.

Актуелниот германски селектор Јулијан Нагелсман има договор со федерацијата до 2028 година, но Клоп би можел да ја преземе екипата уште ова лето по завршувањето на Светското првенство.

Ако Германија направи лош резултат на Мундијалот, можно е да се разделат со Нагелсман и да го ангажираат Клоп. 

Германската фудбалска федерација веќе го контактирала Клоп, откри неговиот агент Марк Козике. 

To top