Фудбал

Бесните шефови на Јуве го нападнаа главниот судија

Бесните шефови на Јуве го нападнаа главниот судија

Тензиите на дербито помеѓу Интер и Јувентус, го достигнаа својот врв на полувремето кога имало жестоки реакции од раководството и тренерскиот штаб на Бјанконерите кој судијата Федерико Ла Пена.

Пјер Калулу беше исклучен откако доби два жолти картони, вториот беше за сомнителен фаул врз Алесандро Бастони и оваа одлука ги разгоре страстите и го одреди текот на средбата која заврши 3-2 за Интер.

Од ВАР може да реагираат само во случај на директен црвен картон, но не и за втор жолт, па Калулу можеби и неоправдано мораше предвреме да го заврши мечот.

Главниот тренер на Јувентус, Лучано Спалети, го чекаше судијата Ла Пена и го подигна гласот за да го изрази своето силно несогласување со неговите одлуки. Масло на оганот долеаја генералниот менаџер Дамиен Комоли кој тргна физички да се пресмета, а Спалети мораше да го турне, за да спречи посериозен инцидент.

Тука беше и Џорџо Кјелини, директорот за фудбалска стратегија на Јувентус. Поранешниот дефанзивец на Јуве исто така се вклучи во вербалната размена, викајќи кон Ла Пена и мавтајќи со рацете.

 

To top