Фудбал Главна ѕвезда

Белингем испиша историја во дресот на Реал

Белингем зад себе ги остави Кристијано Роналдо и легендарниот Алфредо ди Стефано, кои на истиот број натпревари постигаа 13 голови настапувајќи за мадридскиот гигант.

Белингем испиша историја во дресот на Реал

Англискиот репрезентативец Џад Белингем е главната ѕвезда на Реал Мадрид оваа сезона, а со голот што го постигна во 74. минута на натпреварот против Кадиз во Ла Лига се запиша во историјата на најтрофејниот клуб во светот.

За 20-годишниот англиски фудбалер тоа беше 14. гол во 15. натпревар во дресот на Реал со што стана најдобриот стрелец на Кралскиот клуб во оваа статистичка категорија.

Белингем зад себе ги остави Кристијано Роналдо и легендарниот Алфредо ди Стефано, кои на истиот број натпревари постигаа 13 голови настапувајќи за мадридскиот гигант.

Натпреварот против Кадиз беше прв за Белингем од 5 ноември кога се повреди на дуелот против Рајо Ваљекано, по што ги пропушти дуелите против Валенсија во Ла Лига и против Малта и Македонија во евроквалифуикациите. (МИА)

To top