Фудбал

Барселона се откажа од проектот „Суперлига“

Барселона се откажа од проектот „Суперлига“

Шпанските медиуми наведуваат дека Барселона „кренала раце“ од идејата за формирање на Суперлига на најдобрите веропски клубови.

Раководството на Барса е убедено дека значајните промени што УЕФА неодамна ги направи во форматот на европските натпреварувања доведоа до зголемување на финансиската профитабилност за водечките клубови, па затоа идејата за Суперлига повеќе не е релевантна за нив.

Во еден момент, веста за создавањето на таканаречената Суперлига како одговор на постојните турнири од УЕФА го потресе фудбалскиот свет. Потоа, тргна и конфронтацијата меѓу двата концепта, и на крајот, проектот, чии предводници беа претседателите на Барселона, Жоан Лапорта и на Реал Мадрид, Флорентино Перез, беше принуден дури и да размисли за промена на почетниот формат.

To top