Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 вечерва во финалето на Суперкупот на Шпанија.
Натпреварот се одигра на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија.
Рафиња постигна два гола за Каталонците, Роберт Левандовски додаде уште еден. Винисиус и Гонзало Гарсија постигнаа голови за „Кралевите“.
Барселона го заврши натпреварот со десет играчи, откако Френки де Јонг доби директен црвен картон во 90+1 минута за груб старт врз Килијан Мбапе.
Барселона го освои Суперкупот на Шпанија по втор пат по ред и 16. во својата историја.
Каталонскиот тим го држи рекордот во ова натпреварување, Реал Мадрид е на второто место со 13 трофеи.