Фудбал

Барселона купува од Манчестер Сити

Барселона купува од Манчестер Сити

Барселона го бара англискиот репрезентативец Калвин Филипс кој во 2022 година се пресели во Сити од Лидс за 50 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и постојано е во втор план кај Гвардиола.

Со оглед на финансиските проблеми со кои се соочува Барса, Филипс ќе треба да се откаже од голем дел од својата плата или Манчестер Сити да продолжи да ја покрива.

Интересно е тоа што Филипс зимава беше на радарот на Њукасл кој, според англиските медиуми, сакаше да го донесе на позајмица со задолжителен откуп на договорот на крајот од сезоната за 58 милиони фунти.

To top