Шпанскиот фудбалски клуб Барселона прави напори да го доведе во своите редови италијанскиот фудбалски репрезентативец Федерико Киеза од Јувентус.
Каталонскиот гигант веќе испратил понуда до Јувентус и конечниот одговор се очекува до крајот на оваа недела.
Барселона понудила и опција за перманентен трансфер, но Јувентус не сака да ја прифати сумата од 10 милиони евра и бара пет милиони повеќе за услугите на Киеза.