Фудбал

Барселона ќе го откупи Маркус Рашфорд, но нема да го задржи

Барселона ќе го откупи Маркус Рашфорд, но нема да го задржи

Маркус Рашфорд по позајмицата од Манчестер јунајтед во Барселона игра како препороден, па јасно е дека „каталонците“ оваа лето  ќе го откупат неговиот договор.

Договорот за позајмица има клаузула според која Барселона може да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра.

Одличните игри во Каталонија ја кренаа цената за Ангичанецот, па тој сега е посакуван и од други екипи.

Планот е договорот да биде откупен, но Рашфорд веднаш да биде продаден на некоја од заинтересираните екипи за најмалку 60 милиони евра.

 

To top