Шпанскиот фудбалски клуб Барселона со 2-1 го совлада вечниот ривал Реал Мадрид дуел кој овојпат се играше како подготвителен натпревар за следната сезона.
Прв на гол се израдува Реал Мадрид, но погодокот на Арда Ѓулер беше поништен поради офсајд.
Резултатот беше отворен во 42. минута кога по асистенција од Левандовски, Виктор постигна гол со глава за водство на Барселона од 1-0.
По осум минути игра во второто полувреме 22-годишниот Виктор постигна уште еден погодок и го зголеми водството на каталонскиот клуб на 2-0.
По еден центаршут од корнер во 81. минута, Нико Паз остана сам и ја смести топката во мрежата на Барселона за конечен резултат од 2-1.