Фудбал

Барди: Оваа победа е посебна и многу важна

Барди: Оваа победа е посебна и многу важна

По средбата против Ерменија капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија Енис Барди беше среќен за трите бода и им се заблагодари на фановите за големата поддршка.

Оваа победа е посебна. Игравме со црвен картон, но поправиме некои ситници и стигна победата. Мислам дека победата е заслужена. Фала на публиката за поддршката.

Оваа селекција има многу квалитетна група, но посебно квалитетни луѓе. Тоа е многу важно во животот. Лошо ја започнавме сезоната, но може тоа ќе биде клучно за да завршиме први во групата. Зборувавме многу во соблекувалната, ги сфативме и прифативме критиките и само вака да продолжиме“, рече Барди.

 

To top