Фудбал

Барди: Освојувавме бодови против Италија и Англија, зошто да не биде така и со Белгија

Барди: Освојувавме бодови против Италија и Англија, зошто да не биде така и со Белгија

На средбата со новинарите освен селекторот Благоја Милевски, се обрати и капитенот на репрезентацијата Енис Барди, кој кажа:

„Сметам дека сме подготвени за квалитетен ривал како Белгија. Знаеме што значи кога играме дома, а сите мора да преземеме одговорност. Треба да покажеме дека кај нас дома е тешко да се победи, сме освојувале бодови против Италија  и Англија. Ако дадеме максимум, мислам дека можеме до позитивен резултат.

Белгија е фаворит на хартија, но во фудбалот секогаш има шанса за изненадување. Имаме квалитет, доста играчи настапуваат во квалитетни лиги. Имаме искуство и сите услови за да направиме успех. Сепак, за такво нешто секој еден мора да верува во тоа. Дома, пред нашите навивачи треба да се брка добар резултат. Секогаш кога сме играле како тим имавме позитивни резултати, па не гледам зошто не би можело да биде така и утре. Нема зошто да не бидеме на ниво“.

На трибините за мечот против Белгијците се очекува солидна бројка навивачи. По овој натпревар Македонија нема време за одмор, бидејќи веќе в понеделник ја очекува дуелот со Казахстан.

To top