Фудбалерите на Баерн вечерва на „Алијанц Арена“ во Минхен со пресврт дојдоа до победа од 3-1 над Спортинг Лисабон во натпревар од 6. коло од Лигата на шампиони.
Германскиот првак доминираше во текот на целиот натпревар, но португалскиот тим поведе во 54. минута, кога Џошуа Кимих, обидувајќи се да го блокира центаршутот на Жоао Симоеш, ја одби топката во сопствената мрежа.
Сепак, Баерн многу брзо го смени резултатот во своја корист. Серж Гнабри израмни во 65. минута, по корнерот на Михаел Олисе, а само четири минути подоцна, 17-годишниот играч од средниот ред Ленарт Карл го доведе составот на Винсент Компани во водство со својот трет гол оваа сезона во Лигата на шампиони.
Конечните 3-1 ги постави Џонатан Тах во 77. минута, повторно по асистенција на Гнабри.
Второпласираниот Баерн се израмни на врвот на табелата со лидерот Арсенал со 15 бодови, но со натпревар повеќе. Лондонскиот клуб утре му гостува на белгиски Клуб Бриж.
Претходно, во првиот натпревар од денешната програма, Олимпијакос извојува гостинска победа од 1-0 над Каират.